Питер Мекети, Канаѓанец, може за себе да рече дека доживеал нешто сосема невозможно – преживеа удар на гром и доби премија на лото.
– Искрено, повеќе очекував уште еднаш да ме погоди гром – рекол овој среќник откако минатата недела дозна дека добил милион долари на лото. Добивката ќе ја подели со Дајан Милер која е вработена во продавницата на Мекети, затоа што тие заедно повеќе од една година уплатуваат ливчиња на лото.
Гром го погодил Питер Мекети кога имал 14 години, додека се обидувал да го врзе чамецот со кој пловел, а исто непријатно искуство имала и ќерката на Питер пред неколку години.
Шансите вас и вашата ќерка да ве погоди гром и да добиете премија на лото се еден наспроти 2.600 милијарди, пресметани на молба на Еј-би-си, Софи Легер професорка на Универзитетот Монктон.
– Тоа е речиси невозможно, но сепак се случи. Тоа ни покажува дека во животот сепак се е можно – рекла професорката.
Мекети рекол дека планира својот дел од добивката да го потроши на своето хоби – готвење и ловење риби, а неговата вработена Даен Милер рекла дека нема намера да ја напушти работата и дека парите ќе ги потроши на одмор и патувања.
За ова да не биде крај на среќните настани за Питер Мекети, се погрижи Атлантската лотарија која ќе му исплати дополнителни 10.000 долари, како сопственик на продавницата каде што е платено добитното ливче кое чинело – три долари.