Придобивките од консумирање вода пред и после оброкот

popara3 јуни, 20151min00
8

Постојано се потенцира на важноста од консумирањето на доволно количество вода во текот на денот. Едно од важните прашања е кога е подобро да ја консумирате – пред или после оброкот?

Како што пишува stethnews, науката нема дефинитивен одговор на тоа прашање, бидејќи различните истражувања дадоа различни резултати и заклучоци. Па, наместо да посочи на правилниот момент за консумација, stethnews ги издвои придобивките на двете опции.

Зошто треба да пиете вода пред секој оброк?

– Помага да го намалите внесот на калории – Неколку истражувања покажале дека доколку пиете вода пред оброкот, ќе го намалите внесот на калории. Односно доколку консумирате вода, потоа не мора да внесете поголемо количество храна за да се чувствувате сити. Освен тоа, водата како опција е секако подобар избор од останатите пијалаци што можете да ги консумирате за време на оброк.

– Го прочистува организмот – Особено доколку консумирате вода наутро, пред да го изедете појадокот. Имено, водата го прочистува вашиот организам, ја поттикнува работата на органите, односно го поттикнува вашиот метаболизам и на тој начин го подготвува вашиот организам за денот што следи.

– Овозможува хидратација на организмот – Кога ќе станете од спиење, вашиот организам е дехидриран. Токму затоа, пред да појадувате потребно е да се напиете вода со цел да се чувствувате освежено и за да ви даде енергија.

Предноста на консумирање вода после оброк

– Го помага варењето на храната – консумирањето на вода после оброкот помага во варењето на храната и на тој начин овозможува телото полесно да ги апсорбира хранливите материи што ги внесувате преку храната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag