Приказна од која што ќе ве пролазат морници: Овој проколнат брод веќе 85 години талка по северните мориња

popara3 август, 20151min00
10

На 1-ви октомври во 1931-вата година, теретниот брод “Baychimo” останал заробен во мразот на самиот север на Канада. Речиси два месеци подоцна тој исчезнал во снежна бура, а екипажот се простил од него. Меѓутоа, тој очигледно не се простил од животот и продолжил да талка сам низ Арктикот, веќе со децении!
Бродот “Baychimo” првобитно бил изграден во Шведска при што за прв пат запловил во 1914-тата година во рамките на една германска компанија. Со својата должина од 70 метри, овој брод бил способен да развие брзина од 10 јазли, односно 19 километри на час, при што им бил предаден на Британците како дел од воените репарации после Првата светска војна, после што бил откупен од компанијата “Hudson’s Bay”.

После девет успешни патувања по крајбрежјата на северна Канада, на 1-ви октомври во 1931-вата година, натоварен со крзна, тој останал заробен во мразот, враќајќи се кон Ванкувер. На голема жалост на капетанот Џон Корнвел и екипажот, зимата дошла порано од очекуваното.

Екипажот го напуштил бродот и заминал до најблискиот град за да ги избегнат сè полошите временски услови, а кога два дена подоцна мразот се поместил а “Baychimo” се ослободил, на 8-ми октомври тој повторно останал заробен, но овојпат многу полошо од првиот пат.

Конечно, на 15-ти октомври, компанијата “Hudson’s Bay” испратила спасувачки авион за да го извлече екипажот кој што броел 22 лица, меѓутоа, 15 од нив останале со бродот чекајќи поповолни услови за негово извлекување, а за тие цели недалеку изградиле и дрвено засолниште.

На 24-ти ноември удрила силна снежна бура, а кога таа престанала, од “Baychimo” немало никаква трага. Капетанот заклучил дека бродот се ослободил во текот на снежната бура и дека потонал.

Меѓутоа, неколку дена подоцна бил забележан брод на 72 километри од првобитната позиција на исчезнатиот брод. Екипажот заклучил дека бродот нема да успее да ја преживее зимата, па така ги земале највредните крзна и одлетале со авион кој што повторно дошол по нив. Бродот “Baychimo” останал напуштен.

Меѓутоа, “Baychimo” воопшто не потонал, туку сосема чудесно успеал да ја преживее зимата. И не само таа зима, туку и многу наредни зими кои што дошле после неа. Всушност, неколку месеци подоцна тој бил забележан на 480 километри источно. Во месец март, во 1932-рата година, тој бил забележан како мирно плови покрај крајбрежјето на Алјаска. Неколку месеци подоцна, тој бил повторно забележан. А потоа и следната година. И следната година. И следната година. Па повторно во 1939-тата година во два наврати.

А потоа и исчезнал.

А потоа и повторно се појавил, и тоа дури во месец март во 1962-рата година. Дваесет години којзнае каде бил и како успеал да ја преживее и Втората светска војна, да преживее толку зими, снежни бури и подводни мини, без притоа да се насука на копно и да биде забележан од некого за сето тоа време. Последен пат бил виден во 1969-тата година, 38 години откако бил напуштен. Сам, повторно заробен во мраз, оставен на милост и немилост од страна на луѓето кои што го користеле додека им бил од корист.

Неговата судбина не е позната. Владата на американската сојузна држава Алјаска во 2006-тата година започнала проект кој што требало да ја разреши мистеријата за “Проколнатиот брод од Арктикот”, како што бил и тој именуван, при што тој требало да биде лоциран “жив” или потонат, но тој сè уште не е пронајден.

 

Можеби “Baychimo” и повторно ќе нè изненади и повторно ќе се појави, некаде каде што воопшто не би очекувале и кога најмалку би се надевале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag