Иако се ретки и денеска сеуште има девојки кои чекаат да го кажат судбоносното да, па да имаат секс. Ова е приказна на една невина 26 годишна девојка и нејзиното искуство со мажите.
„Не постои добро време на типот да му кажеш дека си девица. Првиот состанок? Премногу е рано. Вториот состанок? Можеби, но во овој момент размислувате дали да поделите торта, па така ова би било малку екстремно. Всушност, не постои добар момент, особено ако покрај тоа што сте девица, не планирате да имате секс пред бракот“, пишува Елен Бурхарт за магазинот „Салон“.
„Би требало да сум многу подобра во споделувањето на оваа информација. Имам 26 години, завршив факултет, имам добра работа, убав стан и никакви долгови. Имам и пријатели, семејство кое ме поддржува, а и многу добро сум свесна која сум и што сакам да бидам.
Во секој поглед, јас сум прилично успешна. Но, во моментот кога на типот треба да му откријам дека сексот не е опција се` до бракот, станувам нервозна девојка која не може да состави логична реченица.
Никогаш не мислев дека сексот ќе ми помогне да бидам популарна. Имав неколку момчиња кои ми се допаѓаа, но ниедна врска не беше толку сериозна за барем на момент да помислам на секс.
Работите не се променија на факултет. Многумина сакаа да ми бидат првиот, но не беа.
Уште една голема причина за недостатокот на секс беше фактот дека сум христијанка. Не сум религиозен фанатик, туку само конзервативна кога се работи за сексот. Секогаш мислев дека сексот е за брак, и тоа е тоа.
Сепак, на сево ова не му помагаше фактот дека сум непоправлив романтичар и перфекционист. Верувам дека љубовта и сексот мораат да одат рака под рака.
Без оглед на вашето мислење, недостатокот на секс не ме направи една тажна, осамена девојка лишена од задоволство. Ниту јас сум против него. Всушност, јас сум целосно за сексот, бидејќи според она што сум го чула – фантастичен е и едвај чекам еден ден да го имам.
Сепак, моментално сум горда на својата невиност. Таа ме издвојува. Не на начин „јас сум подобра од другите девојки“, туку на начин „јас сум уникатна“.
Секој маж поинаку реагира на бомбата „нема секс“. Некои се прават кул додека размислуваат како да ме натераат да го променам мислењето. Некои веднаш се повлекуваат. Некои лажираат прифаќање и успеваат да издржат уште неколку состаноци. А, некои навистина даваат се` од себе за да истраат со целата приказна околу целибатот – и потоа се откажуваат.
Како што реков, не сум против сексот. Но, не сум ниту имуна на желбата: навистина ми ласка кога мажот сака да ме фрли на кревет и да ми ја искине облеката, но на крајот сепак мора да ја напушти собата бидејќи ја почитува мојата желба.
Ме ислудува кога ми шепотат и ме допираат на вистински начин. Во тие ситуации се прашувам дали е вредно да се чека на судмоносното „Да“.
Зошто го правам тоа? Зошто се држам до тие граници кога би било прекрасно да се преминат?
Го ценам тоа што после 26 години сфатив дека од сите шанси кои ми ги понуди животот, љубовта е најдрагоцена.“