Природен и лесен начин за исфрлање камења од жолчната кеса и прочистување на црниот дроб

popara8 февруари, 20151min00
9

Ова, тврдат, помогнало на многумина. Кинескиот доктор Лаи Чиу Нан препорачува сосема природна метода за отсранување на камењата од жолчното кесе – кои се мошне опасни – освен што предизвикуваат болка, предизвикуваат и жолтица, па и рак.

Ракот никогаш не е првата болест што ќе се појави – вели доктор Лаи, наведувајќи дека обично постојат претходно други проблеми, кои ако не се решат резултираат често пати како рак. Според некои негови истражувања обично луѓето кои добиваат канцер, претходно имале камења.

Доктор Лаи го нуди следниов рецепт за изфрлање на камењата и чистење на хепарот (црн дроб).

Режим:

Првите 5 дена треба да пиете по 4 чаши цеден сок од јаболко секој ден, или да јадете по 4-5 јаболка. Сокот од јаболко ги омекнува камењата. Овие 5 дена треба нормално да јадете, но здрава храна.

Шестиот ден не вечерате.

Во 18 часот земате кафена лажичка горчлива сол во чаша топла вода.

Во 20 часот повторете го истото. Магнезиум сулфатот ги чисти и опушта каналите.

Во 22 часот земете половина филџан маслиново масло со пола филџан свежо цеден сок од лимон. Измешајте добро и испијте. Маслото ќе ги подмачка камењата и ќе го олесни нивното исфрлање.

Следното утро треба да најдете зелени камења во столицата.

Дури и кога немате проблеми со жолчката, добро е да ја направите оваа природна терапија. Секогаш е добро да се прочистат каналите на црниот дроб и жолчката, за вашиот организам правилно да функционира – вели овој кинески доктор.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag