
Убавата коса сите не подмладува и ни прави да се чувствуваме убаво, но што кога таа неконтролирано ќе почне да опаѓа?
Посебно е критична состојбата кај мажите кои се склони кон ќелавост, но и за тоа постои решение, а благодетите кои ни ги дарила природата помагаат за се.
Кромидот и лукот се растенија чии состојки многу влијаат на косата, односно благодарение на нив добиваме прекрасна, бујна и сјајна коса.
Тие можат да помогнат и при опаѓање и ќелавост, а процедурата е следна: одберете шампон на природна база (на пример би можеле да земете шампон од коприва), обрнете внимание да е без парабен. Во шампонот додајте издробени 3 главици лук и изрендани 2 главици кромид. Ставете во некој сад или тегла, оставете да отстои таквата смеса 14 дена на дневна светлина, со секојдневно промешување со дрвена лажица.
Откако ќе отстои потребниот период, процедете го шампонот, остатоците исфрлете ги, а така приготвениот шампон користете го при секое миење на косата.
Ваквите состојки ја прават вашата коса јака, опаѓањето се намалува, сјајна е и мека.