Гликозид миртилинот, екстракт од листовите на боровинка со право го нарекуваат растителен инсулин, бидејќи е мошне успешно природно средство за лечење на шеќерната болест, но со постојана соработка со лекарот и диета.
Чај против шеќерна болест:
20 гр листови од боровинка,
20 гр листови од црна дудинка,
20 гр добрица (Glechoma hederacea),
40 гр бели мешунки од грашок.
Сите компоненти добро измешајте ги и три лажици од мешавината варете ја 15 минути во ½ литар вода. Тргнете го садот од оган, покријте со капак и оставете да отстои 3 часа. Се пие по една доза три пати седмично.
Во традиционалната медицина боровинката е ценет лек против акутни и хронични интерни болести, особено за децата при стомачен тифус и паратифус, како дополнителна терапија на антибиотиците бидејќи чајот од листови и плод на боровинка во рок од 24 часа ги убиваат тифусните микроби, оние одговорните за паратифус, коли бацили, што значи дека лечи и одредени воспаленија на тенкото и дебелото црево, бидејќи боровинката ги врзува бактериите и нивните отрови, ги уништува заразните микроби, смирува, го зајакнува и прочистува црниот дроб, лечи состојби на пореметено варење и труење со храна.
Чајот од боровинка ефикасно го спречува создавањето на мочна киселина што е особено важно за луѓето болни од гихт.
Свежо цедениот сок од боровинка е еден од најдобрите природни лекови за испирање на грлото при воспаление, афти, воспаление на непцето, за леукоплака на јазикот предизвикана од многу пушење. Ако сокот се задржи неколку минути во уста, го отстранува и непријатниот мирис. Свежиот сок отстранува цревни паразити, особено глисти, и го намалува холестеролот.
Чајот од лист и плод на боровинка ја смирува кашлицата и потикнува исфрлање на секрет односно искашлување од белиот дроб.