Златните нијанси и прамените полека но сигурно заминуваат од сцената.
На нивно место пристигнуваат нови бои кои холивудските диви ги преферираат иако некои не се баш типични за летните денови како на пример нордиските нијанси.
Ладната, скоро платинаста нијанса започна да владее во текот на Модната недела во Париз. Па ако вашиот избор е руса коса, сега е вистинскиот момент да го освежите својот изглед и во овие топли денови да му дадете ледена нијанса.
Од друга страна пак тука е нијансата наречена Bronde, која е добиена од микс на светло руса со смеѓа коса. Blonde+Brown=Bronde.
Наместо да вадите прамени или да бидете во дилема дали да бидете русокоса или бринета, Bronde го има најдоброто од двете.
Оваа нијанса е одлична за дамите кои не сакаат драматични промени но на кои освежувањето секако ќе им годи.
На вас оставаме дали ќе се одлучите да бидете фатална “плавуша“ или повеќе сте по природниот изглед.