Еден 58-годишен татко од Мичиген повикал Итна помош откако изел неколку парчиња колач направени од неговата 17-годишна ќерка. Тој немал поим што му се случува со телото и умот.
– Таткото мислел дека има мозочен удар – соопштиле од полицијата.
Неговата 17-годишна ќерка неодамна и признала на полицијата дека нејзините печени колачиња содржеле марихуана. Таа рекла дека ги оставила без надзор затоа што мислела дека никој нема да ги земе.
Нејзиниот татко завршил во болница, но потоа бил пуштен на домашна нега. Имињата на таткото и ќерката не биле објавени. Од полицијата велат дека колачињата „brownies“ биле позитивни на марихуана.
Полицијата објавила дека на девојката ќе и биде поднесена соодветна пријава.