Месец дена по раѓањето на малата принцеза, кралското семејство конечно ги објави првите официјални портрети од принцот Џорџ и неговата сестра принцезата Шарлот, пренесува Daily Mail.
Имено овие фотографии ги снимила војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, во имотот Анмер Хол кој се наоѓа во Норфок, Англија.
Принцот Џорџ наскоро ќе го прослави својот втор роденден, а Шарлот се роди на 2.мај.
Преку ваквиот потег, Вилијам и Кејт уште еднаш го прескокнаа официјалниот кралски протокол согласно кој портретите на кралското семејство ги снима професионален фотограф.