Први фотографии од Mercedes-Benz GLC

popara18 јуни, 20151min00
1

Пристигнаа и првите фотографии од Mercedes-Benz GLC. Дефинитивно, станува збор за естетски (но и во секоја друга смисла) понапреден модел во споредба со претходниот GLK…

Во Штутгарт беше претставен ривалот на Audi Q5 и BMW X3. Продажбата на новиот модел ќе започне во текот на наредните месеци.

 

За разлика од досегашниот GLK (на сликата најдолу), новиот GLC ќе биде достапен и со волан на десната страна, што значи дека ќе се најде на британскиот и на нему сличните пазари.

Терминот GLC јасно укажува на аналогија со C-Class. SUV моделот се базира на платформа со подолго меѓуоскино растојание и првично ќе биде понуден со три мотори. Станува збор за GLC 220d 4MATIC со 170 КС (0-100 km/h за 8,3 секунди) и GLC 250d 4MATIC со 204 КС (0-100 km/h за 7,6 секунди). Честа на бензинците ќе ја брани GLC 250 4MATIC со 210 КС (0-100 km/h за 7,3 скеунди).

Други модели, вклучувајќи ги plug-in хибридната и AMG верзијата, ќе бидат лансирани подоцна.

Mercedes-Benz GLC (4)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag