Селфи фотографијата е симптом за ментално пореметување, а се дефинира како опсесивна желба за фотографирање на самиот себе, и поставување на истите тие фотографии на социјалните мрежи, со цел да се привлече внимание, да се добијат лајкови – или поинаку кажано, се бара од другите да ти докажат дека нешто вредиш. Тоа се луѓе без самопочит кои на овој начин се обидуваат да ја пополнат празнината во својот живот…
Американската психијатриска асоцијација, на состанокот на управниот одбор, и службено потврди дека „селфи“-то (самофотографирањето) е всушност ментално пореметување.
Селфито се дефинира како опсесивна желба за самофотографирање и поставување на фотографиите на друштвените мрежи, со цел да се надомести недостатокот на самопочит и да се пополнат празнините од интимниот живот, велат од АПА.
АПА наведува дека постојат три нивоа на пореметувањето. Првото е наречено „ограничено селфи“ – самофотографирање најмалку 3 пати во денот, без објавување на фотографиите. Следното ниво е „акутно селфи“ – фотографирање најмалку 3 пати, со тоа што секоја од фотографиите е објавена на социјалните мрежи. Третото ниво е „хронично селфи“ – неконтролирано самофотографирање и споделување на фотките најмалку 6 пати дневно.
Според стручњаците, најдобар лек за справување со ова пореметување се когнитивно-бихејвиоралните терапии (CBT), т.е. терапиите за лечење на пореметување во однесувањето.
Психијатрите додаваат дека е значајно тоа што постои лек за ова пореметување, бидејќи сѐ повеќе луѓе во светот, меѓу кои често има и политичари, ги споделуваат своите „селфи“ фотографии преку социјалните мрежи.
Голем број сајтови и портали ја пренесоа веста наседнувајќи на шегата, која парадоксално, истовремено звучи и неверојатно, но и уверливо, поради сè поголемата „селфи-манија“. Најдоброто во целата вест: менталното пореметување на оние што претеруваат со селфи фотографиите се вика селфитис!