Пуштете го! Ако ви се врати – ваш е

popara18 септември, 20151min00
11

Понекогаш повеќе не знаете што да сторите со себе, со него, со вашата врска.  Секој ваш ден има напорно темпо за да функционирате еден крај друг, но и покрај се кога ќе го почувствувате во своја близина пеперутките во вашиот стомак повторно се разбеснуваат.

Неподнослива врска

Премногу е напорна вашата врска за двајца млади луѓе кои не ги врзуваат ниту брачни завети, немаат ниту деца, ниту дом. Да, љубовта е мотивот, но дали вреди да се жртвува среќата во нејзино име?

И ќе речете дека и да ги скратите сите нервози и ја прекинете врската повторно нема да бидете  среќни бидејќи ќе го немате вашиот партнер. Но можеби токму тоа ви е потребно на двајцата, осаменичко време за да сфатите колку всушност си недостигате.

Пуштете го и поминете малку време далеку еден од друг. Секој ќе може со ладна глава да размисли за проблемите, но и за своите недостатоци кои довеле до истите.

Двајцата ќе сфатите дали еден на друг сте си доволна причина за да промените некои работи во вашиот карактер и да престанете секојдневно да се карате околу најголемите баналности.

Релаксација од монотонијата

Дури и врската да ви постана навика малата пауза добро ќе ви дојде. Ќе видите дали сами во диско преполно со луѓе сте имуни на комплиментите на некој непознат додворувач, или пак имате непресушна желва за флерт и се што посакувате е да се фрлите во неговата прегратка. Можеби и малата авантура не би била казниво дело за да го релаксирате умот и да престанете да мечтаете дека таму некаде сепак можеби постои некој принц за вас.

Разгорени страсти

Оставете и тој да носи свои одлуки, да го почувствува вашето отсуство и да сфати дека се за што сте се карале до вчера биле толку површни работи кои денес не се вредни ниту да се споменат. Сигурно ве плаши помислата дека ќе го заведе некоја друга но не мислете на тоа, после едновечерната авантура тој сигурно повторно ќе копнее за бакнежот со емоции кои вие му го дарувавте.

Но ако дозволи почетничкиот адреналин да го втурне во нова врска со некоја друга тогаш значи дека не ве сакал доволно и одлично е што го откривте тоа  навреме.

Што би било ако се омажевте за него и се осудевте на брак и живот без љубов?

Едностраната љубов отсекогаш била и ќе биде болна љубов, па ако го сакате многу дозволете му да замине. Ако се врати назад, тогаш тоа е она вистинското, чистото, вредното за цел живот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma