За паровите кои посакуваат интимна венчавка сред рајска убавина, хотелот „Четири сезони“ на Малдиви има идеално решение. Станува збор за надводен павилјон на атолот Баа.
Стаклениот под, низ кој се гледа тиркизната вода и подводниот свет на Индискиот Океан, ја зголемува привлечноста на објектот, до кој се стигнува само со брод.
Младенците со длабок џеб кои ќе одлучат да си го кажат судбоносното „Да“ во овој павилјон, ќе можат да поканат само 16 гости.