Досега сме гледале разни интересни верзии на кино-арени, но ваква сè уште не сте имале шанса да видите. Станува збор кино кое плови на островот Куду на Тајланд, а дизајнирано било од архитектот Оле Ширен, специјално за филмскиот фестивал “Yao Noi”.Наречено “Кино Архипелаг”, ова кино е направено од сплавови на локални рибари кои пловат на гуми, а платното е развлечено на посебна платформа. Целата идеја е премногу интересна, а посетителите можат да гледаат филмови во лежечка позиција.
Како што рекол самиот архитект, тој сакал на забавен начин да ги спои убавината на природата и филмот. За жал, со завршувањето на фестивалот, киното се размонтира, но постои надеж дела во блиска иднина повторно ќе биде поставено.