Расплаканиот полицаец стана хит откако спаси бебе од тоалет

popara5 август, 20151min00
105

Полицаецот Кјан Фенг стана омилен службеник ширум Кина откако беа објавени фотографиите на кои се гледа дека тој спасува новороденче од цевките на јавниот тоалет во Пекинг. Бебето преживеало и заздравува во локалната болница.Полициската станица во западниот дел на Пекинг добила повик во кој поминувачите пријавиле дека слушаат бебешки плач во јавниот тоалет. Фенг побрзал и прв пристигнал на местото каде открил дека бебето е фрлено во цевките од тоалетот.

спасено бебе

“Главата на бебето беше свртена надолу и му ги видов само нозете. Скоро цело беше паднато во цевките”, вели Фенг. Бебето потоа било префрлено во болница.

Според извештаите на кинеските медиуми, тоа е добро и заздравува. Полицајците откриле и крв околу тоалетот, што покажува дека бебето било родено и оставено во тоалетот. Сега пробуваат да го откријат идентитетот на мајката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *