Свежиот и чист воздух е од особено значење за здравјето, затоа е многу важно честото проветрување на домот.
Застоениот воздух во просториите од домот може да биде многу поштетен од загадениот воздух во надворешната средина.
Колку и да е чист, домот е извор на многу штетни токсини кои се шират низ воздухот и го нарушуваат здравјето, а најчести се формалдехид (се среќава кај теписи, тапацир, лепила…), бензен (го има во пластика, синтетички влакна…) и трихлороетилен (растворувачи, лепила…).
Еден од најважните совети на фенг шуи за добро здравје е одржувањето на чистотата на воздухот во домот. За таа цел фенг шуи советува да чувате некое од растенијата за кои истражувањата покажале дека се моќни прочистувачи на воздухот.
Овие растенија имаат голема моќ на привлекување на штетните токсини, а со тоа го прочистуваат воздухот во просториите. Се препорачуваат и за канцеларии и други простории.
Спатифил
Познато е и како кала, нежно растение со прекрасни бели цветови. Го прочистува воздухот од сите наведени штетни токсини, а воедно шири позитивна и смирувачка енергија.
Палма
Ги има повеќе видови и сите се одлични прочистувачи на воздухот. Според фенг шуи, елегантниот пад на листовите на палмата овозможува циркулирање на мека и нежна енергија.
Фикус
Уште едно моќно растение кои ги отстранува повеќето токсини од домот.
Англиски бршлен
Покрај токсините, отстранува и некои алергени, меѓу кои и мувлата.
Совет: Без разлика за кое растение ќе се одлучите, за да имате моќен прочистувач на воздухот, редовно бришете ја прашината од листовите!