Модните фризерки изминативе месеци се буквално опседнати со фризурата наречена “разбушавени локни“, која е всушност нешто подолг боб, а несредените локни се уште еден новитет кој сакаат да го пробуваат.
Убавината на моментално најпопуларната фризура доаѓа од фактот што локните не мора да бидат совршени… напротив, пожелно е да бидат што побушави!
Оваа фризура им прилега на сите облици на лице, изгледа опуштено, а истовремено уредно и е идеална за топлите летни денови.