Кога ќе поврзете две единки, можете да добиете се’ на се’ четири вида на љубовни односи. Тоа го тврди брачниот терапевт и психолог Кармен Хара која напоменува дека сите видови на љубов треба да се анализираат и категоризираат, не поради поквалитетно живеење, туку за да бидете отворени за нови љубовни врски.
Минлива романса
Таа e мост помеѓу две фази на созревање. Таа може да инспирира на промена или да го олесни товарот од минатата врска. Кај младите луѓе, може да биде еден вид на лекција за тоа каква треба да биде љубовта, а после разводот може да помогне за побрзо зараснување на раните. Таквиот вид на врска е наречена краткотрајна, но им помага на луѓето да досегнат до нова и подобра фаза во животот.
Кармичка љубовна врска
Кармата е мешавина од сите добри и лоши работи кои некогаш сме ги направиле во животот, а нејзина маана и предност е што се повторува. Баш поради тоа, таквите врски се многу интензивни. Кармичките љубовни врски збогатуваат и исполнуваат, без разлика колку кратко или долго ќе траат.
Тие вклучуваат одредена акција, без разлика дали станува збор за прекинување на одредено однесување или повторување на исти ситуации како на пример, прекинување на долгогодишна врска по одредени сознанија или уживање со сродна душа. Врските со сродна душа едноставно подразбираат дека имате посебен однос и нешто што ве привлекува кај партнерот без оглед на се’.
Компромис – врска
Овој тип на врска е најчеста и е спој на две лица кои ги поврзува финансиска и емоционална стабилност. Најчесто остануваат заедно поради децата и комфорот и не излегуваат надвор од таканаречената “безбедна зона” бидејќи се плашат да останат сами или да бараат нов партнер. Задоволни се од моменталната состојба, не се потполно среќни, но тоа не ги спречува цел живот да го поминат заедно.
Врска со сродна душа
Таа е над психичкото и физичкото ниво. Таа е исклучиво ретка, но кога ќе започне трае цел живот. Ја карактеризира интензивна поврзаност помеѓу две индивидуи. Тие толку се разбираат меѓусебно што буквално можат да ја завршат реченицата еден на друг, тие се најдобри пријатели и веруваат дека во пар можат да ги победат сите препреки. Тоа не значи дека тие немаат проблеми, но тие полесно ги решаваат за разлика од другите парови.