Со редовна конзумација на овој еликсир се вели дека ќе ви се подобри видот, кожата ќе стане мазна и еластична по целото тело, а косата густа и здрава.
Рецепт за подмладување на организмот
Состојки:
100 мл ленено масло
2 лимони
1 главица лук
0,5 кг мед
Исчистете го лукот па заедно со 1 лимон со кора и 1 без кора смелете ги во блендер. Префрлете ја смесата во стаклена тегла поголема, за да има место за медот и маслото. Измешајте добро со дрвена лажица.
Смесата се чува во фрижидер.
Се конзумира 3 пати дневно по една супена лажица половина час пред оброк.