Откако Воин Ражнатовиќ, по кој знае кој пат, се обиде да ја компромитира Цеца, се случи нешто што никој не го очекувал.
Имено, позната по мудрото повлекување и не демантирање на наводите на медиумите, Анастасија јавно се обрати на својот полубрат, а имала и што да му порача!
– Многу е тажно, јадно и бедно што „некои“ луѓе од сопствена немоќ и злоба можат да се служат со лаги, клевети (фотошоп и монтажа) за да бидат во центарот на вниманието. Драг полу„брате“ со овие твои гнасни изјави и постови не покажуваш омраза спрема мојата мајка, туку откриваш токму она што најмногу се обидуваш да го сокриеш, колку ти всушност го мразиш нашиот татко– напишала таа.