Дали можете да ги слушнете брановите како нежно удираат на белите песочни плажи на Мадивите? Ако можете, значи дека сигурно се наоѓате во луксузниот ресорт “Huvafen Fushi”.
Сместен на мал остров опкружен со тиркизна вода, приватна лагуна, најдобри услуги на клиентите, елегантност и ексклузивни песочни патеки, “Huvafen Fushi” вреди да се посети ова лето. Капете се во базенот на само неколку инчи оддалеченост од морето, гледајте во беспрекорниот хоризонт, седете на терасата за романтично гледање на зајдисонцето, сместени во бунгалов лоциран над чистата плитка вода или пак во првиот подводен спа центар опкружен со прозори каде се гледа дивиот жив свет во океанот.
Сопственитците на “Huvafen Fushi” не штеделе на ништо кога станува збор за раскошната убавина и стил, со изобилство на јадење, пиење, релаксирачка и забавна понуда, а сето тоа пропратено со одличната природна клима и луксуз во кои несомнено ќе уживате!