
Видеото кое една пријателка на пејачката Ријана го објавила на сајтот Вине го обиколи интернетот со брзината на светлината. На интернет се појави видео-снимка во која се гледа како Ријана „подготвува“ некој вид дрога, а се сомнева дека е во прашање кокаин.

Видеото покажува како во текот на забавувањето на фестивалот Коачела, нејзините другарки танцуваат, а Ријана седи во позадина и во раката држи нешто што наликува на бела цевкичка. Камерата се враќа на нејзините другарки, потоа повторно на Ријана, која со прстите го држи и трие носот.

Американските сајтови веднаш пренесоа дека Ријана, изгледа, шрмка кокаин, додека контроверзната пејачка на Инстаграм демантираше и напиша „виткав џоинт и се фатив за носот“!
