
Славната пејачка Ријана речиси секогаш носи храбри модни комбинации поради кои и беше избрана за модна икона на 2014 година.
По успешниот концерт во Рио Де Жаниро, 27-годишната Ријана со својата екипа и нејзиното друштво одлучиле да прослават.
Иако нејзините парчиња облека не им се допаѓаат на сите, таа и овојпат не отстапи од разголена креација.
Сите очи биле вперени во пејачката, поточно во нејзиниот зелен мрежест фустан под кој јасно се гледа нејзината долна облека.


