Ријана ги разделила Бијонсе и Џеј Зи?

popara24 октомври, 20151min00
4

Новата неавторизирана биографија за животот на музичката дива, на авторот Џеј Ренди Тараборели, откри шокантни детали за приватниот живот на госпоѓата Картер.

Бијонсе неодамна го даде првото интервју после две години, а најинтимната информација во него беше одговорот на прашањето каква пица најмногу сака.

Славната пејачка толку ретко дава интервјуа за медиумите и толку малку открива во нив, што важи за една од најтаинствените познати личности.

Затоа Тараборели тврди дека неговата биографија е нешто најблиску што ќе дознаеме некогаш за животот на пејачката.

Меѓу останатото, тој во неа пишува за љубовниот триаголник во кој наводно биле Бијонсе, Џеј Зи и Ријана.

Само за потсетување, кога пејачката од Барбадос се проби на сцената, медиумите пишуваа дека има афера со сопругот на Бијонсе. Сепак, авторот вели дека ова не е точно, дека таа приказна била измислена за да се пишува повеќе за Ријана во медиумите, но и дека тоа предизвикало проблеми меѓу Бијонсе и Џеј Зи. Поради тоа биле разделени дури година дена.