
Таа ужива во неколкуте слободни денови кои следуваа после напорните неколку недели, вклучувајќи го и нејзиното деби во шоуто “The X Factor”.
А, Рита Ора се држи до репутацијата на девојка која ја сака забавата, па се упати кон една од нејзините омилени дестинации – Ибица.
24 годишната пејачка пристигна на островот на време за “Radio 1″ Ибица Викендот, од каде нејзиниот пријател и исто така судија на “X Factor” Ник Гримшоу го води неговото “Breakfast Show”.
Секси пејачката одбра дводелен костим за капење за нејзиното патување на луксузната јахта, наречена “Gold Digger”.
Бикините едвај успеаја да ги додржат на место сите нејзини атрибути, откако пејачката реши да се забавува со своите пријатели и да ги покаже своите танчерски способности.





