Во светот завладеа необична мода и невообичаен начин да уживате во сексот.
Можноста да бидете фатени во вашата „валкана“ игра на јавно место се повеќе го возбудува и го пумпа адреналинот во вашето тело, правејќи ве пострасни.
Но, дали е можно сексот на јавното место да стана работа на тренд и лична реклама?
Страсната авантура на јавно место е секси, возбудлива и „валкана“, но изгледа дека трите пара кои неодамна во САД имаа секс на јавно место, сакале со овој чин да се рекламираат и да им се пофалат на сите.
ЕГЗИБИЦИОНИЗАМ
Имено, еден пар им се препушти на страстите во љубовта среде бел ден во 15:30 часот на тротоар пред продавница за фустани за матура во Калифорнија. Сопственикот на продавницата ги видел од снимките од камерите. Заборавивме да кажеме дека тие штотуку се запознале.
На Универзитетот во Тенеси, еден пар имал секс во новинарската ложа на еден стадио. Се прашувате како ги фатиле? Со објавување на фотографија на социјалната мрежа Snapchat.
Последниот, најнезгоден случај е забележан на метро, каде еден пар уживал во доги стајл на подживни скали. Кога минувач ги прекинал, жената се свртела и тогаш се виде и мало бебе кое и било приврзано за градите цело време. Секс на јавно место со бебе во прегратки? Малку претерано нели?
ТРЕНД?
Границите на целокупното поимање на работите се поместуваат, па така ни се чини и дека веќе нема граници, а сексот на јавно место стана можност за себе промоција.
Експертите велат дека се наоѓаме во златната доба на егзибиционизмот и дека да се биде забележан и виден е многу важно за жените, бидејќи тоа ги прави посакувани, што е најважната ставка во нивните фантазии, според нивните зборови.