Фудбалската ѕвезда на „Реал Мадрид“, Кристијано Роналдо (30) освен тоа што одлично игра на фудбалскиот терен, тој одлично се снаоѓа и во улогата на татко, а доказ за тоа се бројните фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи.
Португалецот својот петгодишен син Кристијано Џуниор го одвел на езерото сан Хуан каде се возеле со глисер, а својата мала авантура ја овековечиле со фотографии и со видео.
Кристијано својот син го доби со девојка на која никогаш не и го откри името во јавноста. Станува збор за сурогат мајка, а сестрата на фудбалерот има изјавено дека Роналдо на својот син ќе му каже која му е мајка ако самиот посака да го знае тоа.
Откако го доби синот, фудбалерот животот му го подреди нему и веќе го воведува во спортски активности и заедно вежбаат или играат фудбал.