Сама си ги зголемила градите, но починала од тоа

popara8 април, 20151min00
23

39 годишната Соња Перез Љансон од Аргентинапочинала од белодробна емболија откако сама на себе се обидела да си ги зголеми градите – пренесува сајтот “Gawker”.

Соња  имала потешкотии со дишењето, недели откако самата си вбризгала вазелин во градите.

Кога отишла во болница, лекарите откриле дека во белите дробови има згрутчување на крвата предизвикано од вазелинот кој и влегол во крвотокот.

Таа почина на 6 март по еден месец проминат во болница.

-Таа отпрвин се негираше, но на крајот призна дека си вбризгала вазелин. Никогаш не сум видел ваков случај. Човечкиот организам има антитела за борба против бактерии и вируси, но нема никаков механизам против овој тип на производи – изјави Хулио Пла. началник за хирургија во болницата каде починала несреќната Аргентинка.

Пред обидот да ги зголеми градите, Соња била здрава и се бавела со спорт.

Ова не е првпат да се користи вазелин во домашните “естетски зафати“.

Во азиските земји постои опасен тренд на зголемување на пенисите со вбризгување на вазелин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag