Само еден твит и го уништил животот на оваа жена!

popara18 февруари, 20151min00
5

Станува збор за жената по име Џастин Сако, на која само 12 зборови и беа доволни за да и го уништат животот.

Својата лоша приказна оваа жена ја споделила со Џон Ронсон, автор на книга која се занимава со јавни посрамотувања. Изминатите три години тој се сретнувал и со други личности кои се посрамиле, а пораката на книгата е едноставна – внимавајте што објавувате на социјалните мрежи.

Кобниот твит на Џастин Сако гласи вака: „Одам во Африка. Се надевам дека нема да се заразам со СИДА. Се шегувам. Белкиња сум“.

По една година  Џастин решила да се врати во центарот на вниманието за да открие колку катастрофален може да биде јавниот срам на друштвените мрежи.

Нејзиниот твит можеби ќе поминал незабележано доколку не го воочел Сем Бадл, кој го споделил со своите 15.000 следбеници.

Иако, кога сфатила што направила, таа ја избришала спорната објава, но било предоцна. Се се претворило во кошмар, не само за неа, туку и за нејзиниот работодавец, компанијата IAC.

По една година Сако објаснува како една лоша шега се претворила во хорор приказна. Таа вели дека само луд човек би помислил дека белец не може да добие СИДА.

– Мислев дека нема шанси некој тоа да го сфати буквално. За жал, јас не сум лик од „Саут Парк“ или комичар, па така, немав причина да ја коментирам епидемијата на толку политички некоректен начин на јавна платформа – вели таа и додава дека станува збор за неверојатно трауматично искуство.

Иако побегнала од Њујорк и пронашла нова работа, исмевањето продолжило. На крајот, се сретнала со Сем Бадл, кој јавно се извинил поради ретвитувањето.