Samsung ќе се обиде да ги намали загубите со два нови џиновски телефони. За разлика од конкурентите, јужнокорејскиот гигант иако е лидер на пазарот, сепак бележи последователни загуби во изминатите два квартали.
Но, како беше најавено на големoт настан во Њујорк, Samsung се надева дека новите Galaxy S6 Edge+ и Note 5 ќе ги зголемат продажбите.
Двата телефони имаат 5,7 инчни екрани, малку заоблени; имаат метална рамка и доаѓаат со Samsung Pay, сервис за плаќање кој стартува во Јужна Кореја и САД како одговор на Apple Pay и Android Pay.
Имаат сличен изглед како претходниците, 4GB RAM, најнова верзија на Exynos процесори 16 мегапиксели камера. И двата телефони имаат нова функционалност за стримање на 1080p видео во живо.
Иако има огромни екрани, Note 5 доаѓа со пенкало, со кое според Samsung може полесно да се движите низ телефонот.
Но, ако ви се допаѓа идејата за нов Note 5 со кул пенкало, тогаш ќе мора да го побарате од други континенти, бидејќи Note 5 нема да биде достапен во Европа.
Цената на уредите се уште не е откриена, но ќе бидат во продавниците во Азија и САД од 21 август.
https://www.youtube.com/watch?v=_Q-p-zkydLQ
https://www.youtube.com/watch?t=82&v=CppgLnNM1PE