Universal дефинитивно е решен да ја реализира идејата за римејк на „Scarface“. Како што пренесува Hollywood Reporter, од студиото го ангажирале сценаристот Џонатан Херман за да напише малку помодерна приказна што ќе може да се прикаже пред денешната публика.
Планот е да се создаде модерна верзија на приказната што ги инспирираше филмовите издадени во 1932, односно 1983 година. Верзијата прикажана во 1983 година ја прикажува приказната за имигрантот од Куба, Тони Монтана (Ал Пачино), кој пристигнува во Мајами и се искачува на врвот од криминалниот свет.
Филмот успеа да вметне неколку култни цитати што се потенцираат и ден денес и со оглед на извонредната изведба на Ал Пачино сега се поставува прашањето кој е тој актер што ќе успее да го замени достојно.
Приказната за новото остварување ќе биде поставена во Лос Анџелес и секако ќе биде насочена кон искачувањето на еден имигрант на врвот на криминалниот свет.