Албанскиот нарко дилер, 24-годишниот Олси Бехелули, на таа социјална мрежа споделил фотографија на која се гледа како позира со огромна количина на пари заработени од трговија со дрога.
Бехелули бил уапсен во Велика Британија со уште двајца свои соработници, 29-годишниот Бесим Топали и 23-годишниот Азем Прошка. Полицијата кај нив пронашла кокаин и хероин, чија улична вредност изнесува 4 милиони фунти, пишува Mirror.
Криминалецот се фотографирал со 250.000 фунти во кеш. Бехелули на Твитер се претставувал како актер и модел. На таа социјална мрежа Албанецот оставал коментари како “многу ја сакам својата работа”, пренесува telegraf.rs.
Инаку, тој по апсењето се правдал дека парите не се негови, туку дека спорната фотографија била направена во Албанија, во куќата на неговиот роднина.
Сепак, се воспоставило дека фотографијата била направена во Лондон.