Се прашувам зошто сите мора барем еднаш да те повредат или повеќе пати, а ти сè уште им простуваш?

popara3 мај, 20151min00
15

Уште една болка замина во заборав, заборав на болките кој е сместен во скриено место на моето срце.

Секогаш кога ќе се протнам во него посакувајќи да бидам сама ја чувствувам секоја една лузна која болката ми ја изгравирала.

Невидлива лузна која боли и пече, а јас со спомените и ставам сол за да пече повеќе, но болка нема, исчезнала или барем си мислам дека исчезнала.

Лузна чие печење е поради заборавот на болката кој делува како сол на рана. Ја разгорува уште повеќе и прави жиг кој секогаш ме потсетува на тоа што било, а поминало одамна.

Се прашувам дали навистина болката исчезнува или ние учиме како да живееме во нејзино присуство па отрпнуваме на нејзиното притискање?

Се прашувам зошто сите мора барем еднаш да те повредат или повеќе пати, а ти сè уште им простуваш?

Се прашувам зошто и самите се повредуваме со тоа што им простуваме, кога не заслужуваат?

Можеби бидејќи болката нè тера да ја осознаеме убавината на среќата, можеби затоа што уживаме во нејзината свирепа убавина која како мевлем ги лечи лузните, лузни кои никогаш нема да заздрават…

Тука сум, со крената глава, храброста е моја религија, ја почитувам секој ден, не потклекнувам на стравовите, но не знам дали тоа се должи на мојата сила или на мојата немоќ?

Не знам дали се радувам што ме болеше или пак тагувам што сум дозволила да ме боли сега кога болката исчезнала, но лузните се тука да ме потсетат дека некогаш била тука…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag