Атрактивниот актер и водител по кој лудуваа многу жени, Андрија Милошевиќ, изгледа ќе го загуби епитетот згоден!
Некогаш најпожелниот ерген и еден од најпопуларните мажи во регионот, Андрија (37) сосема го смени личниот опис поради вишокот на килограми кои ги собрал во текот на зимото – пишуваат српските медиуми.
– Андрија се здебели дури 20 килограми од лани. Последните месеци неговото тело потполно се деформираше, па сега има труднички стомак. Додека стомакот му беше помал, се шегувавме дека е пивски – вели негова блиска пријателка.
Актерот обожава да јаде и да ужива, пред се во нездравата и брза храна, но и алкохолот. Константно е на диети бидејќи и нему оваа состојба му пречи и нему, ама по неколку дена ја прекинува и пак по старо.