Се заљубила во билдер, а потоа ја дознала неговата шокантна тајна

popara19 септември, 20151min00
0

Кога 20-годишната Шарлот Ури од Лондон се заљубила во мускулесто момче со силна вилица, по име Киран Молони (23), не можела ниту да претпостави дека тој всушност бил роден како Кира, односно девојче. Кога нејзиното момче ѝ го признал тоа, таа прво била шокирана, но успеала да премине преку тоа. Сега се и понатаму заедно и планираат да создадат семејство.

„Никогаш не би можела да ја погодам неговата тајна, но кога ми ја кажа не ми пречеше. Бев изненадена, но јас го сакам поради она што е сега и го гледам како маж. Тој е многу мускулес и има прекрасно тело, но исто така ми е и пријател“, тврди Шарлот.

Киран признава дека му било многу тешко да ѝ ја признае вистината на Шарлот, бидејќи порано имал непријатни искуства.

„Кога ја запознав Шарлот, ме воодушеви со нејзината убавина, но се плашев од нејзината реакција кога ќе дознае дека бев девојче. Пред да ѝ ја откријам тајната, морав да знам дека можам да ѝ верувам. Другите девојки се срамеа поради тоа што сум, но кога ѝ признав на Шарлот, таа тоа го прифати. Таа е неверојатна“, раскажува Киран. Иако тој сè уште не направил операција за менување на полот, парот тврди дека тоа не им пречи. И покрај тоа, имаат здрав сексуален живот.

„Сега сме во фаза кога се чувствуваме доволно отворено да можеме да правиме сè што ни е убаво, а тоа е суштината на сексот“, објаснува ова момче. Тој веќе седум години живее како маж, а откако направил дупла мастектомија во 20-тата година, се чувствува добро во својата кожа.

Киран бил незадоволен од својот пол од својата четврта година. Не го интересирале женски работи и плачел кога мајка му ќе го облечела во фустанче. Кога дошол во пубертет, неговата збунетост експлодирала – почнале да му растат гради и воопшто не бил среќен.

„Бев љубоморен на момчињата на училиште кога гласовите им стануваа подлабоки и кога почнаа да се бричат“, се присетува тој. На 14 години ја изгубил невиноста со момче, но вели дека чувството едноставно не било добро. Тогаш ја шишал косата кратко и почнал да носи широки алишта за да ги сокрие градите. Дури кога наполнил 16 години, психологот му рекол дека е трансполен. Тогаш, со поддршка на родителите почнал да пие хормони. Бил пресреќен што гласот му станувал подлабок и што почнал да добива мускули. На 17 години веќе имал брада, а со ригорозно вежбање успеал да добие вистинско машко тело. Градите ги криел со самолеплива лента, но на 20 години направил мастектомија.

„Кога ги видов резултатите бев еуфоричен. Конечно имав машко торзо, нешто за што сонував цел живот.“, вели тој. Кога ја запознал Шарлот во 2012-та година, веднаш се заљубил. Биле заедно еден месец, пред да и признае дека бил роден како жена, како и дека понатаму има женски полов орган.

„Разговараме со часови за тоа. Знаев дека го сакам и дека сакам да сум со него. Не ми беше важно што бил роден како девојче“, објаснува Шарлот. Неколку недели подоцна, за прв пат спиеле заедно. Сега живеат заедно и планираат да основаат семејство. Еден од другарите на Киран ќе им послужи како донор на сперма.

„Луѓето не можат да поверуваат дека некогаш сум бил девојче. Искрено, не можам ни јас“, вели Киран.

1

2

3

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag