
Сандра Африка, една од најзгодните пејачки на Балканот, ја започна кариерата како танчерка на Миле Китиќ, а потоа со сексапилот се прослави и си изгради кариера. Често нејзиното име е спомнувано во приказните за елитна проституција, а Сандра конечно се отвори за оваа тема.
– Криво ми е што ме вмешуваат во такви приказни, но не до таа мера. Криво ми е само бидејќи има доста луѓе кои им веруваат на весниците и се што ќе прочитаат иако не го знаат човекот, вели Сандра. Секако, пејачката ги отфрла гласините и вели дека меѓу другото, со години е во среќна врска и ништо не ја погодува.