Сега е нивно време: Овие убавици владеат со модниот свет!

popara27 мај, 20151min00
4

Во модниот свет веќе некое време слабите девојки не се „ин“, а модните гиганти го поддржуваат овој тренд.

Нив често ги нарекуваат „plus size” манекенки, но овие убавици благодарение на својата самодоверба, убавинаи женствени облини завршија на насловните странициод престижни магазинии станаа славни имиња во манекенските води.

Во последно време многу се зборува за манекенките кои не ги исполнуваат стандардите на женска убавина, туку одлучија да испратат порака дека вистинската убавина нема мерки.

Големиот Келвин Клајн одлучил ѕвезда на неговата кампања да биде „plus size” манекенката Мајла Далбесио, а тоа го поддржал и американскиот ’Vogue’ кој во својот последен едиторијал имал неколку модели со покрупна градба.

Во последно времемодната индустрија се` повеќе се свртува кон реалистичните пропорции на женското тело, кои не се толку тешко недостижни за повеќето дами на планетата. Ова се убавиците кои ја започнаа целата приказна.

Еми Аронсон е една од првите ’plus size’ модели кои се прославија. Еми денес има 51 година, а со манекенство се занимавала за време на нејзините дваесетти години, кога била една од водечките ’plus size’ модели.

Тара Лин често пати е наречена една од најубавите ’plus size’ манекенки. На многу „им паднала во око“ кога позирала за насловната страница на Elle Spain во црно боди и црна, кожна јакна. Моментално позира за многу модни имиња како што е Forever 21.

Сафи Карина е синоним за ’plus size’ манекенка. Оваа убавица минатата година ја основала Curve Project London, првата организација во Британија која им помага на ’plus size’ моделите да пронајдат работа и да стекнат самодоверба.

Карина инаку работела долги години за една од најдобрите агенции во моделингот додека не добила некој вишок на килограми, по што агенцијата го раскинала договорот со неа.

Но, после тој настан, таа стана една од најпознатите и водечка ’plus size’ манекенка во светот.

Маркита Принг е манекенка која долги години работела за Fox Model како нивен главен ’plus size’ модел, а после 8 години соработка, примила мејл кој ја известил дека повеќе нема да им бидат потребни нејзините услуги после одлугата да ја затворат својата ’plus size’ колекција.

После тоа, Принг преминала во IMG каде што продолжила да ја гради својата манекенска кариера.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag