Земи ги твоите соништа и раскажи ги на оној што знае да ги разбере,
отвори ја твојата душа на оној којшто нема да те повреди.
Земи го твојот глас и зборувај смело за твоите стравови,
сослушај го оној којшто знае да ти ја зборува вистината.
Земи го твоето срце и секогаш знај зошто отчукува, понуди го
своето “Еве ме” на оној кој што ќе знае што да направи со него.
Земи ја твојата насмевка и подари ја на оној што ја посакува,
подари го твојот поглед на оној кој што те бара со својот.
Земи ги твоите денови и направи од нив блескав цртеж,
рашири ги твоите крилја и научи да леташ високо.
Секогаш ќе има некој којшто нема да верува во тебе,
но некој друг ќе направи да блеснеш на неговото Небо.
Секогаш ќе има некој што ќе се смее додека ти плачеш,
но некој друг ќе го заземе местото на твоите солзи.
Секогаш ќе има некој што ќе исчезне од твојот живот кога си сам,
но некој друг ќе дојде да го исполни твојот живот.
Секогаш ќе има некој кој што ќе си поигра со твоите чувства,
но ти научи ги правилата на играта и така ќе победиш.