Секс пози според хороскопските знаци

popara25 февруари, 20151min00
6

Хороскопскиот знак  влијае на сè – па дури и на сексулниот живот. Без разлика за кој хороскопски знак станува збор постојат мали трикови кои треба да ги знаете за да го освоите партнерот/партнерката. Дознајте што најмногу ве возбудува и кои се вашите омилени пози.

Истражувањата покажуваат дека различните хороскопски знаци сакаат различни секс пози. За да поминете повеќе време во постелата (или на под или во туш-кабина или каде и да се осмелите), астрологијата може да помогне. Брз преглед на елементите (вода, воздух, оган и земја) и вашиот сончев знак може да ви помогне и да ви даде инструкции. Проверете влијанието на Марс (господарот на сексот) на вашиот знак.

Воздушни знаци
Близнаци, Вага и Водолија се најпознатите љубовни измамници во хороскопот. Тоа не значи дека се нестабилни. Всушност, кога се вљубени се премногу посветени. Сепак, нивната фантазија не се долги врски, што не значи дека го изневеруваат партнерот, но не можат да се врзат премногу. Повеќе сакаат да бидат љубовници. Тоа ја буди нивната имагинација! Без разлика дали се работи за маж или жена, претставниците на воздушните знаци сакаат партнерот да биде озгора. Многу ги стимулираат седечката позиција и акробатските способности. Сакаат авантуризам и не сакаат контакт очи в очи.
Земјени знаци

Бик, Девица, Јарец се сензуални љубовници. Ако некој е сексуално разгорен, без два пати да размисли, во кое било време, освен кога треба да се има секс, тогаш е некој од овие земјени знаци. Уживаат во атлетскиот секс и сè што е активно и скокотливо! Ако сте еден од овие знаци (или го правите актот со некој од нив), имајте секс додека стоите, едниот секс-партнер на ѕид (со нозете ставени на половината на другиот) или друга поза за оние понапредните – секс-партнерот превртен со една подигната нога, наведнат наназад со рацете на под. Ваквиот агол ќе ви овозможи незаборавно сензуално искуство!
Водени знаци

Водените знаци се оние што се познати по длабокиот сензуален интензитет. Познато е дека Скорпијата има сексуален убод, но истото важи за Рибите (кои им се препуштаат на партнерите) и Раковите (кои бараат партнер кој ќе ги ослободи од школката). Заедничко за овие знаци е потребата од емоционална поврзаност со сексуалното задоволство. Тие сакаат да се губат во длабочината на спалната. Ако сакате да заведете или да задоволите воден знак нема да погрешите со мисионерската поза и нејзините варијанти (паралелно, лице в лице), за кои експертите велат дека можноста за доживување оргазам е многу поголема од која било друга поза, бидејќи партнерите се стимулирани однатре и однадвор. За почеток, мисионерска поза. Секс-партнерот, кој е озгора, ја префрла тежината на горниот од телото, а партнерот оздола ги обвиткува нозете околу торзото на другиот партнер со стапалата врз половината. Ако ви е здодевно од основното, пробајте ја позата наречена морска ѕвезда (Starfish), каде што и двајцата партнера лежат во спротивни насоки со раширени нозе во вид на ножици.
Огнени знаци

За да заведете огнен знак како Овен, Лав или Стрелец, начинот треба да биде агресивен и див со сексуално задоволство и чувство на авантура… Ако земјените знаци сакаат атлетски секс, огнените знаци сакаат да освојуваат и победуваат во сè, па и во сексот. Триумфалните техники се патот до срцето на огнените знаци – и оргазмот. Што значи ова? Ако сакате да си играте со оган, две пози сигурно би произвеле искри – кучешка поза (особено за мажите) и девојката одозгора (особено за жените). Клучот кај огнените знаци е да ги ставите на моќна позиција (жените-Лавови сакаат да јаваат, а мажите-Овни уживаат да го прават тоа одзади) или да бидат освоени и да ја вкусат другата страна (Стрелецот е авантурист), комбинација од горенаведените две пози ќе го запали креветот!

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag