Еден од пет мажи, секојдневно се насладува на порното. Мажите сакаат да гледаат голи женски тела и многу лесно можат да станат зависни од еротските клипчиња и филмови.
Како реагирате? Да гледа порно понекогаш не е никаков проблем, додека тоа не ви пречи во сексуалниот живот. Ако тој започне да одбива секс без причина, тогаш треба да бидете загрижени. Доколку решите да поразговарате со него на таа тема, изберете го правилниот начин да го направите тоа. Не му викајте и не се расправајте, бидете смирени и рационални. Добра идеја е да му предложите порно филмовите да ги гледате заедно, затоа што тоа ја разгорува уште повеќе желбата за секс.
Дури и да живеете заедно, тој сè уште мастурбира. Околу 20% од мажите не се откажуваат од мастурбирањето, дури и да живеете заедно. Точно 33% од нив го прават тоа 3 пати неделно, најчесто додека се тушираат.
Како реагирате? Зависи од тоа колку оваа негова навика влијае врз вашиот сексуален живот. Мастурбацијата е нормална, но ако тој започне да има проблем да достигне оргазам додека е со вас, тогаш имате проблем. Има мажи, кои имаат 2 пати месечно секс со нивната партнерка, а мастурбираат 20-25 пати месечно.
Прави споредба меѓу вас и неговата бивша. Најчесто мажите прават споредба за тоа како изгледате, колку добро се сложувате со нивните пријатели и како се претставувате во креветот. Но, тоа и не е толку лошо.
Како реагирате? Најверојатно нема потреба, затоа што ако тој е со вас, значи веќе заклучил дека вие сте најдобрата за него. Но, ако тој често ви прави забелешки од типот „бившата никогаш не правеше така”, тогаш треба да се замислите дали тој продолжил понатаму од претходната врска.