Тие се кинески млади богаташи „фуердај“ (во превод: втора генерација на богаташи) и многумина во Кина, вклучувајќи го и претседателот Кси Џинпинг, стравуваат дека нивниот начин на живот, кој подразбира лудо трошење на пари, би можел да излезе од контрола, пишува Daily Mail.
Реагирајќи на жестоките критики од јавноста, претседателот донел одлука дека следната генерација на супербогаташи ќе мора да научи да ги цени парите, па така 70 деца на милијардери се нашле на некој вид „курс за социјална одговорност“.
Младите кинески супербогаташи на социјалните мрежи објавуваат свои фотографии покрај екстравагантни автомобили.
Голема прашина се крена во 2013 година, кога низа скандали, чии учесници беа „фуердај“ овозможија увид во шокантниот и расипнички начин на живот на оваа генерација деца.