Иако одамна се шпекулира за разделбата на еден од најпознатите парови на светот, изгледа дека овој пат сепак има оган таму каде што има чад.
Бијонсе му открила на семејството и на пријателите дека сака да продолжи со својот живот и дека и се смачило да глуми дека е во среќен брак.
Како главна причина за јавноста се наведуваат разните афери на раперот, кој наводно ја изневерувал Бијонсе со Ријана и со Рита Ора. Покрај тоа, се пишуваше и дека Џеј Зи бил и со Ким Кардашијан, пред таа да се омажи со Канје Вест.
Џеј Зи (45) и Бијонсе (34) долги години беа во врска, а во брак се седум. Ја имаат ќеркичката Блу Ајви (3)