
-Проклета е Америка и златото што сјае – напишала Северина(43) покрај фотографијата што ја сподели на „Инстаграм“.
Имено, пејачката позира во црвен градник и хеланки со американското знаме. Познато е дека Северина редовно вежба за да биде во форма, па до израз дојде и нејзиниот затегнат стомак. Откако се омажи за Игор Којиќ(28), пред една недела медиумите пишуваа дека двојката планира пат во Америка, каде во посета ги повикала сестра му на Игор.
