Високите чизми над колена се еден од најголемите трендови за оваа сезона, а вистинска еуфорија меѓу познатите ИТ девојки во светот предизвикува атрактивниот модел со врвки.
Токму на еден таков пар не успеа да му одолее и хрватската пејачка Северина која на Инстаграм се пофали со фотографија со одличен есенски стајлинг на кој во преден план се црните високи чизми со врвки направени од антилоп. Таа овој провокативен модел го носеше во комбинација со сиви фармерки и едноставна бела блуза, а мала нијанса на „бохо“ шик стилот додаде и со пончото украсено со реси и црниот шешир. Инаку, Северина со фотографиите редовно го објавува и името на брендовите од парчињата што ги носи, но не и овој пат. Сепак, нејзините обожаватели веднаш открија дека станува збор за пончо од Манго, додека ваков модел на високи чизми за оваа сезона може да се најде во продавниците на брендот „Emilio Pucci“.