Харизматичното момче кое со својата одлична интерпретација на хитот „Као моја мати“ од Здравко Чолиќ го воодушеви шесточленото жири и ги крена на нозе Саша Поповиќ и Лепа Брена во првиот круг, настапи во втората фаза каде уште еднаш покажа како се пее од душа.
Вториот круг од натпреварувањето во „Ѕвездите на Гранд“ одамна започна, а натпреварувачите на гламурозната сцена пееја по новите правила, во дуели. Нашиот Ален Хасановиќ настапи во дуел со Алмир Делиќ, а на големата сцена ги отпеа хитовите „Никоме ни реч“ од Џенан Лончаревиќ и „Звао сам је Емили“ од Здравко Чолиќ.
По првото гласање, ѕидовите се кренаа пред Ален и Алмир бидејќи и двајцата добија позитивни критики и по 6 ѕвезди. Но по второто гласање на кое требаше да се избере еден кој директно продолжува во третиот круг без да пее во баражот, среќата му се насмеа на вториот натпреварувач, Алмир Делиќ. Оваа одлука страшно го изнервира Шабан Шаулиќ кој својот глас го даде за Хасановиќ и одлучи повеќе да не дава никакви коментари. Саша Поповиќ се обиде да извлече некој збор, но претседателот на жирито, Шабан Шаулиќ не можеше да ја издржи неправдата и одлучи своето незадоволство да го покаже со молк.
Завршните зборови за дуелот ги даде единствениот Драган Стојковиќ – Босанац, кој на нашиот натпреварувач му порача уште еднаш да покаже како се пее во баражот бидејќи според него, Ален Хасановиќ е „Бог за пеење“.
Во баражот покрај Ален Хасановиќ, момчето кое ги сруши рекордите во шоуто, поминаа и Илија Радишиќ, Светлана Богиќевиќ, Тамара Милутиновиќ и Сандра Решиќ.
Шесточленото жири на „Ѕвездите на Гранд“ остана во непроменет состав – Шабан Шаулиќ, Зорица Брунцлик, Снежана Ѓуришиќ, Драган Стојковиќ – Босанац, Аца Лукас и Ана Бекута, а кога се неодлучни, во помош им пристига продукцијата Гранд – Саша Поповиќ, Лепа Брена и Жика Јакшиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=1-PuoB9MxYI