Можеби таа загуби на Вимболдон оваа година, но Марија Шарапова освои грен слем за нејзиното неверојатно тонирано и згодно тело.
28-годишната руска тенисерка вчера беше забележана од папараците, како се одмара на познатата „кралска“ плажа на Св. Стефан во Црна Гора. Разладувајќи се во Јадранското море во дводелен костим за капење, ултра згодната тенисерка очигледно ги разгорела фантазиите на присутните и го вжештила и онака топлиот летен ден.
Со затегнатите нозе и не премногу нагласените тенисерски стомачни мускули, кои се сон на секоја девојка, Шарапова потврди дека кога станува збор за доброто тело, слабите манекенки едноставно паѓаат во сенка кога ќе се расоблече вака добро вајана спортистка. Се согласувате?