Контроверзната ирска пејачка Шинед О Конор (48), позната по тоа што нема влакна на јазикот и не се плаши да го каже јавно своето мислење, со своја објава на Фејсбук го нападна популарниот музички магазин „Ролингстоун“, критикувајќи го појавувањето на американската старлета Ким Кардашијан на насловната страница.
– Што по ѓаволите бара оваа к..ва на насловната на „Ролингстоун“? Музиката официјално умре. Кој би рекол дека „Ролингстоун“ ќе ја убие?
Сајмон Кауел и Луис Волш, не можам повеќе да ја преземам вината. Боб Дилан мора да е е..но ужаснат! – напиша пејачката на која веќе трипати се има појавено на главната страна на овој реномиран музички магазин.
Ова не е првпат О Конор јавно да се препира со јавни личности кои ја вознемириле на некој начин, па така остана запаметена по отовреното писмо кое и го упати на тинјеџ -ѕвездата Мајли Сајрус во кое и порача дека музичката индустрија од неа може да направи проститутка и дека тоа таа не треба да го дозволи.
Ким за првпат се најде на насловната страница на магазинот „Ролингстоун“ кога позираше во едно пристојно издание инспирирано од морнарскиот стил со акцент на нејзиното раскошно деколте.