Шминка според бојата на косата

popara31 декември, 20151min00
9

Шминката е моќно оружје кое жените го користат секогаш кога сакаат да фасцинираат и да остават впечаток со својот изглед. Со добро избраната шминка магично можете да постигнете неодолив изглед, но со лошата шминка не само што нема да го подобрите својот изглед, туку гарантирано ќе ја ставите под превез и вашата природна убавина.

При изборот на шминка потребно е да земете во предвид многу фактори, меѓу кои и бојата на вашата коса. Подолу ќе најдете совети за тоа каква боја на шминка најдобро одговара на различните бои на коса.

Црнокоса

Црнокоса

Очи: Вие сте големи среќнички затоа што скоро сите бои одговараат на вашата коса и можете да се пофалите дека најдобро ви стои класичниот smokey eyes изглед. За да ги акцентирате очите, послужете се со темносива или темносина сенка и употребете црно моливче за очи и црна маскара.

Лице: Руменилото во розова или корална боја ќе донесе топлина на вашето лице.

Усни: Ако се решите да ги истакнете очите со темни бои, тогаш најдобро е само да ставите сјај за усни во розова или корална боја за да не го одвлекувате вниманието од очите. Усните во боја на кожата се добра комбинација со темен тен. Доколку се одлучите за помалку шминка на очите, можете да ги истакнете усните со црвен кармин.

Бринета

Бринета

Очи: Бринетите секогаш се советуваат да користат сенки за очи во бои кои се блиски до бојата на нивната коса. Како по правило, на бринетите секогаш добро им стојат сенки во кафеави нијанси. Колку е потемна вашата коса, толку подобро ви стојат потемни нијанси. Никогаш нема да погрешите ако изберете мока или топли нијанси на кафеава. Одлично ќе ги акцентирате своите очи и со сенки во виолетова боја. За подраматичен вечерен изглед изберете темно сива или зелена боја, а златните нијанси ќе ви дадат погламурозен изглед. Моливот за очи се препорачува да биде темнокафеав или темносив, но може и црн, а маскарата може да биде или кафеава или црна.

Лице: Руменилото е ваш најдобар пријател. Користете руменило во корална боја, боја на праска или боја на ќерамида (теракота).

Усни: Кога треба да избирате кармин, држете се понастрана од нежните нијанси затоа што тие не се најдобриот избор за бринетите. Кармините во корална боја и боја на праска ќе ви дадат свежина. За впечатлив вечерен изглед, употребете кармин во боја на црвена роза, црвено вино или цреша.

Русокоса

Русокоса

Очи: На русокосите не им одговара многу силна шминка на очите како што тоа е случај со црнокосите и бринетите. Нежните пастелни бои се одлични за вашиот нежен изглед. Без разлика на нијансата на вашата коса, вие најдобро ќе изгледате ако употребувате сенки во розова, златна боја или во боја на праска или шампањско. Најдобро е да користите маскара и молив за очи во кафеава боја, а не црни, затоа што црната боја ќе ѝ даде „тежок“ изглед на вашата шминка.

Лице: Вам добро ви стои розово и руменило во боја на праска.

Усни: Светлите нежни нијанси на кармини се токму за вас. Кармините во розови нијанси се совршен избор, а исто така препорачливи се и кармините кои се во иста боја како вашите усни.

Црвенокоса

Црвенокоса

Очи: Црвената коса остава голем впечаток и внесува многу топлина во вашиот изглед. Токму затоа, како најдобар избор за црвенокосите се нудат сенките во зелена боја. Но, тоа не е единствената опција. Нема да погрешите ако користите сенки во боја на мед, бакар, карамела или нијанса помеѓу кафеава и сива боја. Маскара и моливот за очи во црна боја заменете ги со кафеави, особено ако имате зелени или зелено-кафеави очи.

Лице: Акцентирајте ги вашите јаболкници со помош на руменило во боја на праска или кајсија.

Усни: Најдобриот избор се кармините во боја на праска или кајсија. Црвените кармини обично не се надополнуваат со црвената коса, освен ако не се во нијанси кои повеќе потсетуваат на кафеава или ќерамида боја. За погламурозен изглед, одлични се кармините со златен сјај. Избегнувајте розови кармини. Кармините во темни бои како виолетова може да направат да изгледате премногу нападно, па не се препорачуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag