На финалето на „Идол“ Џенифер Лопез блескала во црн фустан со чипка. Но, фотографиите направени на црвениот тепих од блиску, покажуваат дека пејачката, која е во петтата деценија од животот, полека ја стигнуваат годините.
Една од најубавите жени на планетата, на чија фигура и беспрекорната кондиција можат да и позавидат многу помлади колешки, во средата се појавила во Долби театарот во Холивуд на финалната емисија на познатото шоу.
Елегантна, а истовремено и секси, Џенифер Лопез и во 46-тата година краде воздишки. Но, кога ќе ја погледнете од блиску, под професионалната шминка која лицето и го доведува до совршенство, се крие нешто друго.
Џеј Ло сепак не е совршена и вечно млада и во тоа нема ништо страшно. Кој знае колку нејзини врснички би и завидувале кога почесто би покажувала дека и таа е човек како сите нас.